меана

Чичевац

Преку седум гори и седум реки, поминува еден автопат точно низ срцето на Балканот. Таму, крај автопатот во едно село си живее една бабичка која воопшто не е важна. Малку подоле, одма од десната страна се наоѓа селото, чие име е надалену познато во светот т.н. Роштиљ, кое исто така не е важно, ама воопшто. Она што ние всушност го намирисавме се наоѓа сосем од другата страна на автопатот - селото повеќе >>
За Страхиња!!

Во потрага по добра меана плагиј.ат се најде и пред едно од местата чии што збор надалеку е познат и за чии скараџиски квалитети знаат и сите извидници. Овие последниве се толку добро установени што заземаат и посебно место во листата на плескавиците што ги вртат, а каде ако не Кај Злате. Јас мислам дека нема потреба што тука да објаснувам, но за секој случај Злате како легенда во повеќе >>


Кебапчилница ЧЕШМА
За кебапчилница Чешма многупати слушав приказни од колегите ми, особено за нивното ‘комитско грне’. Се дадов на мисија да го пробам и морам да кажам дека воопшто не се пожалив, па дури и пријатно се најадов, а за пријатно да уживам си понесов и едно договорно друштво. Крај меаната сум поминал толку многу пати, што сигурно не се сеќавам. Првото нешто повеќе >>

Ириш Пуб
Еден пријател ме повика во Ириш Пуб да поминам од среда. „Жаре свири и има една девојка што многу добро пее“. Ми текна дека не сум поминал две години, мож појќе, мож цела година и си реков дека треба да го посетам местото. Ириш Пуб порано редовно го посетував, ако ништо друго, заради тоа што беше тогаш едно од ретките места каде може да се пие точено пиво и да се грицка нешто повеќе од кикиритки па кога повеќе >>

меана РО-БИ
Меаната како основна, структурна и функционална единица на општествениот систем во Република Македонија, задолжително треба да си го најде своето место и меѓу овие борови тука. И токму така решив да го поедноставам изборот при нашето или вашето следно одење во меана, што се вика: од грешките се учи, ама што кога можеш и од туѓите грешки да учиш. Пред некој ден повеќе >>