plagij.at - бор во македонската интернет шума!!
Почина Благоја Дрнков, бардот на македонската фотографија...
Слободно може да се каже, основоположник на современата македонска фотографија и кинематографија. Носител на почесната членска карта број 1 на Фото Сојузот на Македонија. До последните моменти беше активен автор на полето на фотографијата. Скопјани особено треба да му се благодарни како на човекот, кој го спасил Камениот Мост од уништување.
Една приказна вели дека на крајот на големата војна, германците го имале минирано Камениот Мост во Скопје. Бил спасен само заради неговата интервенција.
Преку неговиот живот и развој како автор, може да се раскаже и целокупниот развој на фотографијата од крајот на деветнаесеттиот до почетокот на дваесет и првиот век. Почнувајќи со големоформатни апарати на плочи, за да ја заврши кариерата со дигиталец во рацете. Неговата маѓепсаност од фотографијата и неговата посветеност, може само да им служи за пример на младите автори, кои во новосоздадените услови како да губат смерница и трпение:  "Кога бев во трето одделение татко ми викна еден фотограф да не слика нас децата, моите сестри и мене. Беше аматер, бидејќи продаваше сода-вода, а во слободно време фотографираше да извади некој динар повеќе. Кога дојде кај нас во дворот го намести апаратот на статив и го покри со платно. Ни кажува како да се наместиме, а јас го гледам и си велам: 'Овој човек мора да е маѓосник'. Во тоа време по школите одеа маѓосници, со големи црни шапки кои ги покриваа со црно платно и правеа разни магии. Мене и тој човек толку многу ми личеше на маѓосник. Таа магија што ме фати тогаш, еве ме држи и до ден-денеска. Ме импресионираше таа магија!. На десет години од дуќанот ’Бечки базар‘ почнав да купувам фотохартија и негативи и на сонце да правам фотографии. Тоа беше тогаш најактуелна детска фотографска техника. Таа моја заразеност со фотографијата ја забележа професорот по физика во гимназија, па кога одевме на еден излет на Водно, ми дозволи да го носам неговиот фотоапарат. Беше тоа тешка конструкција, но многу бев среќен и горд и не дозволував никој да ми помага во носењето на нагорниците на Водно. Кога се вративме, професорот првпат ми ја покажа вистинската тогашна техника на правење фотографии. Мојата работа беше мошне конкретна - ги миев плочите на чешмата во дворот кај професорот“,.. Првиот фотоапарат го купив во 1933 година, кога веќе работев како трговски помошник во книжарницата кај Васил Пупков, а хонорарно во фотографскиот дуќан на Теодосија Вучедолац. Јас им го водев книговодството, но она што ме привлекуваше беше фотографијата...  Потоа, успеа, со таа магија, да зароби повеќе од седумдесет години од неговото опкружување, со над триесет илјади дијапозитиви, негативи.
Паралелно, почнува да изнајмува и филмски камери и првиот филм му е „Борба на петли“ снимен во неговиот двор. После војната, станува директор на Градски Кина Скопје и дел од основачите на Вардар Филм. Тој е и  првиот директор на Филмската дирекција на Македонија ФИДИМА. При крајот од работниот век, тој е официјален фотограф и снимател во Извршниот Совет (владата) на С.Р.М а потоа работи како режисер во Македонската Телевизија, каде што главно снима документарци.
Во производство на „Вардар филм“ ги снимил документарните филмови: „Идните чувари на народното здравје“ и „Пред октомвриските фестивали“. Други попознати документарци му се: „Радосно детство“, „Маврово се гради“. Во 1952 го снимил документарниот филм „Со бродот „Македонија“ од Риека до Њујорк“.
Потоа  „Нашински разговори“, „Препородени полиња“, „Бели штркови“. „Изморениот патник“ и „Последни патувања“.
Колку и да набројувам, верувам дека нема да е доволно или дека ќе го претстави неговото творештво на доволно добар начин. Тоа  на што сакам да му оддадам најголема почит беше неговиот, до последните денови љубопитен поглед, жив дух, ретка за денешно време посветеност на нештата. Како своевидна минута молчење, за крај, како самиот го опишал настанувањето на едно од неговите најзначајни дела:
„Сметам дека една од највпечатливите фотографии ми е онаа што ја направив во далечната 1948 година кај Крива Паланка“. „Беше набрзо по Втората светска војна, кога бевме на терен. Застанавме кај еден бунар кога наиде човек со дрвена нога, носејќи во рацете германски шлем, наместо кофа, да наполни вода. Беше тоа речиси надреална слика, која од поствоеното македонско секојдневје ’зборуваше‘ за апсурдноста на војните. Нашинецот ја имаше изгубено ногата во војната, а Германецот, чиј шлем тој го носеше како кофа, ја загубил главата. Тоа е слика за поразот на животот!“
Него, животот не го порази. Слава му...
Jazz night with Bace Quartet @ Club Havana
Теодосиј Спасов – кавал
Васил Хаџиманов – пиано
Александар Петров – тапани и перкусии
Гости:
Георги Шаревски – гитара
Александар Икономов – контрабас
Промоција на албумот „Бел прозор“
Почеток 21:00, четврток, 02.02.2012
Влезница: 200 ден
Влезници за EXIT
• Пакетот за Tribe (круг на привилегирани посетители, во кои влегуваат сите оние што во изминативе четири години купиле влезници за фестивалот) по цена од 3.030 денари. На овие верни купувачи Exit им подарува место во кампот, како и превоз.
• Фестивалски влезници по промотивна цена од 3.030 денари, за новите купувачи
• Премиум пакет - 6.150 денари. Пакетот ги содржи: влезницата, место во кампот, како и превозот.
Понудата Пакет за Tribe и влезницата по промотивна цена ќе важат до 15. февруари 2012. година. Од 16. февруари престанува продажбата на Tribe пакетите, а цената на влезницата ќе биде поголема.
Премиум пакетите ќе бидат во понуда до самиот фестивал.
Влезниците и пакетите за Exit 2012 ќе можат да се купат само на единственото официјално продажно место во Македонија - Југотон Рекордс, Градски трговски центар, Скопје.
„Кармина Бурана“ повторно во МОБ
Како оперски солисти ќе настапат - Наде Талевска, сопран, Горан Начевски, баритон, Ѓорѓи Цуцковски, тенор, додека балетски солисти се Марија Кичевска, Мими Поп Алексова, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски и Игор Велановски. Претставата ќе се изведе под диригентство на Бисера Чадловска. Либретото и кореографијата се на Кан Арслан од Турција, сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимограф на операта е Елена Дончева, а на балетот Гизем Бетил од Турција.
„Кармина Бурана“ е базирана на 23 поеми од збирката средновековни текстови и песни под исто име пронајдена во манастир во јужна Германија. Најпознат сегмент е „Фортуна Императрикс Мунди“ со кое се отвора и затвора делото.
Попуст на попустот во „Три“
Дел од книгите кои може да се набават по снижени цени се романот „1Q84“ во авторство на Харуки Мураками кој алудира на култното делo од „1984“ од Џорџ Орвел, биографијата на Стив Џобс, романите од трилогијата „Милениум“, бестселерите на Паоло Коелјо, славната „Светот на Софија“ под Јустејн Гордер, „Копилето од Истанбул“ од Елих Шафах....
Проект ПЛОТС
Проектот ПЛОТС (Места, Поврзаности, Можности, Размени и Иксуства) е европски  проект кој има за цел да ја поддржи мобилноста и размената на искуства и експертиза помеѓу артистите, техничките лица и одговорните за организација ширум Европа. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија под програмата Култура (2007-2013).
Водечкиот партнер на проектот е општината Лече (Италија). Останатите партнери во проектот се: Театар Кореја (Лече, Италија), Меркјури Театар (Колчестер, Англија), Младински Културен Центар (Скопје, Македонија), Драмски и куклен театар Константин Величов (Пазарџик, Бугарија), Хелен Модјеска Театар (Легница, Полска).
ПЛОТС преставува програма за размена на артисти, одржување на работилници, тренинзи, истражувања, нови продукции како и презентација на истите во рамките на пет помали меѓународни фестивали во 2011. Овој амбициозен кретивен проект го истакнува културното наследство, како и знаењата на лицата вработени во театарските институции ширум Европа. Резултатите за време на истражувањата во рамките на проектот ќе бидат широко дистрибуирани. Главната цел на проектот е создавање на Евромедитерански истражувачки центар за Мобилност на Артисти.
Распоредот на завршната презентација на проектот е:
12:00 часот : Краток говор на одговорните лица за проектот, презентација на видео документацијата снимена за времетраењето на проектот П.Л.О.Т.С. (Места, Поврзаности, Можности, Размени, Искуства).
13:00  часот: Дискусија со учесниците и присутните гости, размена на искуства и импресии,  средба со Транснационалниот координативен комитет.
Презентацијата е во реализација  на Младинскиот Култрен Центар – Скопје.
New Order на Exit 2012
На Fusion доаѓа португалската атракција Buraka Som Sistema, додека на Dance Arena настапуваат топ имињата од Cadenza етикетата, Luciano, Reboot live, Kenny Larkin, Robert Dietz и Maayan Nidam
Main Stage на Exit 2012. повторно ќе биде местото каде настанува музичката историја. Exit со гордост најавува дека New Order, еден од најпризнатите и највлијателните бендови на денешницата ќе настапи на Петроварадинската тврдина во петок 13. јули 2012. во Нови Сад.
Бенд кој сѐ уште го држи рекордот за најпродаван сингл на 12 инчен винил на сите времиња, апсолутниот хит од 1983. „Blue Monday“, продолжува да биде неверојатно актуелен и популарен дури триесет години по неговото објавување. Комбинирајќи рок и поп со електронска и денс музика, и енергијата на тогашните андерграунд клубови, создавајќи хит по хит и константно поместувајќи ги границите, New Order поставија стандарди кои многумина ќе ги следат со години подоцна.
На овогодинешниот Exit фестивал ќе настапи и португалската ворлд мјузик сензација Buraka Som Sistema. Нивниот микс на анголски кудуро звук, моќни мултиетнички гето фанк ритмови и неверојатни танчери и ем-сија од целиот свет, секојпат на нивните настапи во живо ја оставаат публиката без здив. Добитниците на MTV Europe наградата дефинитивно ќе бидат задолжени за најразиграната ноќ на Exit фестивалот.
Возбудливи вести ни носи и славната Dance Arena кадешто во петок 13. јули Cadenza Records ќе подготви незаборавна ноќ со своите топ изведувачи. Во Нови Сад за таа прилика пристигнуваат Luciano, Reboot live, Kenny Larkin, Robert Dietz и Maayan Nidam .
Чилеанскиот диџеј и продуцент Luciano својот пат го изгради од бројните иницијатори на латинската електронска музичка сцена. Сега живее во Швајцарија и миксот на чилеанскиот и швајцарскиот идентитет во неговата музика е претставен преку посебна мешавина сочинета од дип техно и електро, заедно со неговите препознатливи груви и минимал ритмови.
Reebot повторно ќе се најде зад пултовите на Dance Arenа, со уште еден инспиративен лајв настап кој го опфаќа целиот спектар од дип минимал и електро тех вајбови, па сѐ до олд скул хаус звукот.
Kenny Larkin е еден од лидерите на детроитското техно во електронската музичка индустрија и повеќе од дваесет години неговите настапи се посебно доживување, а средбата со публиката на Dance Arena секако ќе биде за паметење.
Репертоар - Драмскиот театар
ден и час:	30.01.2012 (понеделник) | 20.00
претстава:	КРВТА НЕ Е ВОДА
играат:	Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец - Алексиќ.
автор:	Сашо Кокаланов
режија:	Сашо Миленковски
ден:	31.01.2012 (вторник) | 20.00
претстава:	ОЛОВО НА ПЕРНИЦА
играат:	Бранко Ѓорчев, Јелена Жугиќ, Игор Стојчевски, Драгана Костадиновска
автор:	Венко Андоновски
режија:	Димче Николовски
ден и час:	01.02.2012 (среда) | 20.00
претстава:	ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР
играат:	Драган Спасов, Биолјана Беличанец-Алексиќ, Јана Стојановска/Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Билјана Драгичевиќ-Пројковска
автор:	Сашко Насев
режија:	Деан Дамјановски
ден и час:	03.02.2012 (петок) | 20.00
претстава:	КАКО ДА ЈА УБИЕШ СОПРУГАТА И ЗОШТО
играат:	Катерина Коцевска, Ѓокица Лукаревски
автор:	Антонио Амури
ден и час:	04.02.2012 (сабота) | 20.00
претстава:	СТЕНД АП КАБАРЕ
играат:	Весна Петрушевска Бејби
автор:	Весна Петрушевска Бејби
3D во кино Милениум
Kонечно во Mакедонија 3 D технологија во кино Mилениум.
Започнува на 4ти февруари со приказната за култната кореографка, професорка по танц како и балетска режисерка – „Пина Бауш“, на големиот европски и светски режисер Вим Вендерс.
Она што во мигов е најактуелна и најсовремена 3D опрема на светскиот пазар е веќе инсталирана во Кино Милениум.
3D опрема: Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, од кои (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика.
Проектор: Kомбинација KINOTON-BARCO проектор модел - LX
Платно: HARKNESS
Сервер: Најновиот Dolby DSS200
Звук: 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750
Веќе во недела, ден потоа, покрај филмот „Пина“ кој ќе остане на редовен репертоар од 22:30, во терминот од 17:30 и 20:00 ќе следува филмот „Најмрачниот Час“.
„Пина“
Филипина Пина Бауш (27 јули 1940 – 30 јуни 2009) е родена во Солинген, Германија. Пина Бауш е светски познат изведувач на модерен танц, кореограф, професор по танц како и балетски режисер. Со нејзиниот уникатен стил, кој преставува мешавина на движења, звуци и импозантни сценографски решенија, како и со начинот на нејзината работа со изведувачите за време на составувањето на една кореографија (стил познат и како Танцтеатар), нејзината работа прерасна во огромно влијание во светот на модерниот танц.
Режисер и сценарио: Вим Вендерс
Улоги: Пина Бауш, Регина Адвенто
Жанр: документарен филм
Траење: 101 мин
Земја на потекло: Германија
„Најмрачниот час“
Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи. Во Москва, група млади луѓе успева да се скрие и да ги преживее нападите. По неколку дена кога излегуваат, откриваат пуст град во кој опасноста и понатаму демнее. Препуштени сами на себе, ќе се обидат да преживеат.
Режисер: Крис Горак
Сценарио: Џон Спејтс, Лесли Боем
Улоги: Емил Хирш, Оливија Тирлби, Макс Мингела, Рејчел Тејлор
Жанр: хорор, научна фантастика, акција
Траење: 89 мин
Земја на потекло: САД
FILTER053: Willem B – Baas EP
Четирите песни на Baas EP се креирани со многу чувство и се разликуваат од повеќето актуелни продукции во овој жанр. Тие се вклопуваат во секаков вид на диџеј сет, од минималистички до таканаречениот full-on и претставуваат спој на искуството на продуцентот и младешката љубопитност со која тој му пристапува на процесот на креација.
Baas EP ќе биде достапен од 30 јануари на сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.
Willem B – Baas EP
1. Code Injection
2. Baas
3. 181d2
4. Tub
Репертоар на академска сцена
- Во собата со една маса и три столици –
Автор: Ивана Нелковска;
Режија: Марија Бејкова
03.02.2012 (21:00)
- Случајната смрт на еден анархист –
дипломска претстава на студенти од отсекот драмски актери со познавање на албански јазик, во класата на вон. проф. м-р Рефет Абази
09.02.2012 (21:00)
- Султанот и харемот –
испитна вежба од студенти на отсек драмски актери - прва година со познавање на турски јазик, во класата на вон. проф. Ељеса Касо
10.02.2012 (21:00)
- Stand up comedy со Бојан Велевски
16.02.2012 (21:00)
- Вујко Вања –
испитна вежба на студенти на отсекот драмски актери - втора година, во класата вон. проф. м-р Зоја Бузалковска
17.02.2012 (21:00)
- Иванов / Галеб / Вујко Вања/ Шумите –
испитни вежби на студенти од отсекот театарска режија - втора година, во класата на проф. Слободан Унковски, вон. проф. м-р Златко Славенски и дем. Куштрим Бектеши
23.02.2012 (21:00)
- Сеништа –
испитна вежба на студенти од отсекот драмски актери - трета година, во класата на проф. Владимир Милчин, вон. проф. м-р Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац ;
Академска сцена - ул. Руѓер Бошковиќ бб, под закрила на Факултетот за Драмски Уметности
Репертоар на кино Милениум
„Девојката со тетоважа змеј“
Почеток на претставите	Понеделник-недела: 20:00 и 22:30
Наслов на филмот:
„Девојката со тетоважа змеј“
Наслов на оригиналот: „The Girl With The Dragon Tattoo“
Жанр:
Криминален, драма, мистерија,
Земја на потекло:	САД
Времетраење на филмот:	158 минути
Режија:
David Fincher
Улоги: Daniel Craig, Rooney Mara, Christopher Plummer
Содржина:
Пред четириест години, Хариет Вангер исчезнува од традиционалното семејно дружење на островот што го поседува моќниот клан Вангер. Нејзиното тело никогаш не е пронајдено, а нејзиниот вујко е убеден дека нејзиниот убиец е член на неговото поврзано, но дисфункционално семејство.
Тој го најмува новинарот Микел Бломквист и тетовираната, проблематична, но спретна компјутерска хакерка Лизбет Саландер за да го истражат целиот случај. Кога ќе го поврзат исчезнувањето на Хариета и бројните гротескни убиства од пред четирисетина години, почнуваат да ја откриваат мрачната страна на семејството Вангер. Но Вангерови се моќен клан и Блмквист и Саландер ќе мораат на своја кожа да почувствуваат колку се подготвени да отидат далку за да се заштититат себе си и семејните тајни и интриги.
„Мапетите“
Почеток на претставите	Понеделник-петок: 13:00; 15:00 и 17:30
Сабота-недела: 11:00; 13:00; 15:00 и 17:30
Наслов на филмот:
„Мапетите“
Наслов на оригиналот:„The Muppets“
Жанр:	Фамилијарна комедија,
Земја на потекло:	САД
Времетраење на филмот:	  103 минути
Режија:
James Bobin
Улоги: Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs
Содржина:
Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.
Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи... Ќе успеат ли Мапетите?
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари.
Бразилска вечер во Магор
Нова едиција од издавачка куќа “Ѓурѓа”: AMOR MAGNUS
“И оваа година заради големиот интерес цените ќе бидат намалени од 50 – 80%, односно книгите од оваа едиција наместо 499 денари, ќе се продаваат по 200 денари од примерок.” – велат од “Ѓурѓа”.
Едицијата AMOR MAGNUS ви ги претставува безвремените книжевни и научни ремек – дела во кои на импресивен начин се насликани сите лица на љубовта.
Нежна и опасна, реална и волшебна, љубовта е и болест и лек. Таа останува сеприсутна магија која нѐ прави она што сме – луѓе!
Првото коло е во печат, а во него ќе излезат насловите:
1. ДЕВИЈАНТНА ЉУБОВ – Сигмунд ФРОЈД,
2. ДЕВИЦАТА И ЦИГАНИНОТ – Дејвид Х. ЛОРЕНС,
3. ИНТЕРМЕЦО – Томас ХАРДИ,
4. ЗА ЉУБОВНИЦИТЕ, ТИГРИЦИТЕ И ДРУГИОТ ПЛЕН – Џакомо КАЗАНОВА,
5. ДЕТИНЕСТО, НО МНОГУ ПРИРОДНО – Кетрин МЕНСФИЛД,
6. ЗАБРАНЕТИ ЗАДОВОЛСТВА – АБЕЛАР И ЕЛОИЗА,
7. ДНЕВНИКОТ НА ЗАВОДНИКОТ – Сорен КЈЕРКЕГОР,
8. СВЕТОТ НА СЕКСОТ – Хенри МИЛЕР,
9. ГЕРТРУДА – Херман ХЕСЕ,
10. КРОЈЦЕРОВАТА СОНАТА – Лав ТОЛСТОЈ.
Од печат излезе ГЕРТРУДА – Херман ХЕСЕ.
Според Херман ХЕСЕ (1877 – 1962), она што вистински го сакаме, можеме и да го постигнеме. Така, младиот Кун детската љубов кон музиката ја претвора во своја професија, па музиката му станува верна придружничка во текот на целиот негов живот. Но, за жал, тој нема толку среќа и во љубовта. Жената којашто ја сака се мажи за неговиот најдобар пријател… Сепак, и по сите животни трагедии, таа за него останува најубавата песна која одекнува чисто и гласно во неговите сништа.
„Шехерезада“ во МОБ
Во улогата на султанот Шахријар настапува Горан Божинов, а Киро Павлов е шахот Земан. Настапуваат балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ, под диригенство на Бисера Чадловска. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија (првична постановка на Михаил Фокин), сценографија на Марија Ветероска и костими на Маја Бурсаќ (Србија).
Цртежи од Ничевски во Отворено графичко студио
Под наслов „Белешки од киоскот за цигари и весници 4“ тој ќе изложи дела од последниот циклус во кој естетски и ликовни преокупации му се чиста линија, наративен цртеж, сооднос помеѓу формата и содржината. Ќе претстави околу 20 цртежи работени во комбинирана техника на различни видови хартија.
Ничевски дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1998 година. Ова е негова шеста самостојна изложба. Учествувал на многубројни групни претставувања во Скопје, Берлин, Тексас, Париз.
Тотално Опуштање во Браво
Локација - Кафе бар Браво
Ден - 29.01.2012 (недела)
Почеток - 21.00 часот
Карта – 100 денари
5 години од првиот настап на Bernays Propaganda
Во моментов се актуелни со ИГРАЈ СЛОБОДНО EP-то на кое неколку артисти (Mark Heaney од Gang Of Four,Zea од The EX,Дуке Бојаџиев,Bei The Fish со Ида од Lollobrigida,Fresh(ex Suns,Bernays Propaganda),Sethstat,Anomalia Nativa и Mindless Violence ) направија ремикси/преработки на нивните песни.
Картите за концертот се веќе пуштени во претпродажна и можат да се купат по цена од 200 денари во продавницата на Југотон во ГТЦ и во билетарницата на МКЦ.На денот на концертот билетите ќе се продаваат по 300 денари. Како гости ќе настапат бендовите: Хипнополис, Green Fuzz и Mindless Violence. Концертот почнува во 21:00 часот.
Во Февруари 2007-ма BERNAYS PROPAGANDA го отсвиреа својот прв концерт како предгрупа на Њујорчаните GIRLS AGAINST BOYS. Иако отсвиреа само 15 минути тотално различни од звукот по кој ќе бидат препознаени подоцна, веднаш после настапот добија понуда од PMG recordings за издавање на деби EP. Бендот  ја прифати понудата и со тоа влета во вибрантната надоаѓачка сцена на нови македонски бендови модерирана од страна на PMG recordings и КАНАЛ 103, позната под името НОВ БРАН.Иако звукот на бендот еволуираше од бучен панк рок во игрив пост панк, групата ги задржа своите принципи базирани врз  DIY културата и анархистичките идеи, нешта кои сеуште се основа нивното постоење. 2007-мата ја поминуваат свирејќи низ Скопје речиси секој месец и снимајќи го своето деби EP со кое ја започнуваат 2008-мата. Ова издание ги носи за прв пат надвор од Македонија по што Словенечката MOONLEE records се нуди понатаму да ги издава нивните изданија надвор од границите на Македонија.Во меѓувреме почнуваат да свират посериозни концерти и во земјава (хедлајнери на првиот PMG фестивал, предгрупа на GANG OF FOUR во склоп на OFF fest и настап на Таксират фестивалот во Метрополис арената.)
2009 беше пресудна година за развивањето на бендот. Деби албумот HAPPINESS MACHINESS излегува за MOONLEE за Европа и за PMG за Македонија (Во винилната варијанта покрај овие издавачи ја вклучуваат и сопствената НАПРАВИ ЗАЕДНО етикета, како и PRUEGELPRINTZ од Германија.) Таа година бендот свири  низ цела Европа и го привлекуваат вниманието на публиката и критиката како еден од најсвежите  Европски бендови.Првиот дел од турнејата ја почнуваат и завршуваат со два преполни самостојни концерти во Скопје, а вториот дел го започнуваат со уште еден  распродаден концерт во МКЦ. Од тој момент  беше јасно дека за нив нема веќе враќање назад.  Бендот ги одбива понудите за интервјуа од сите релеванти Македонски и Екс-Југословенски мејнстрим медиуми(кои и покрај односот на бендот известуваат за нивната работа) и продолжува да работи без менаџмент ( и денес групата нема менаџмент, не дава интервјуа за мејнстрим медиумите, не снима видео спотови а нејзините членови и блиски пријатели се грижат за букирањето, промоцијата, снимањето, издавањето и дизајнот!). Следната година групата го издава својот втор албум MY PERSONAL HOLIDAY (повторно со  Moonlee и Pmg но и со сопствената НАПРАВИ ЗАЕДНО, Pruegelprintz, Thrashbastard, Narshardaa од Германија и Crapoulet од Франција на винилната варијанта.) Во меѓувреме одат на уште една Европска турнеја, го распродаваат тиражот на првиот албум и настапуват на главната сцена на EXIT фестивалот. Следува уште една турнеја која завршува со преполн самостоен концерт во најголемиот скопски клуб Collosseum со кој го отворија Таксират фестивалот.Низ целата 2011-та групата отсвире 2 турнеи со ХАХАХА и една со HANDSOME FURS со што се доближија до бројката од 300 отсвирени концерти во 29 Европски земји. Во меѓувреме групата напиша песни кои ќе се најдат на нивниот трет албум кој беше најавен со ИГРАЈ СЛОБОДНО free download EP-то за Moonlee records и Направи Заедно на кое неколку артисти (Mark Heaney од Gang Of Four, Zea од The EX, Дуке Бојаџиев, Bei The Fish со Ида од Lollobrigida, Fresh (ex Suns, Bernays Propaganda), Sethstat, Anomalia Nativa и Mindless Violence) направија ремикси/преработки на песните на BERNAYS PROPAGANDA.
Во 5-те години од своето постоење овој бенд им прирасна на срцата на многу луѓе кои ја препознаа искрената конструктивна енергија која извира од нивната музика и оригиналниот и непосреден начин на кои што тие ја претставуваат, рушејќи го митот дека бендовите не можат да бидат успешни во ширењето на својата музика без патронство од големите едиумски, промотерски и бизнис компании.
ХИПНОПОЛИС се надоаѓачки кумановски бенд  на трагот на The Hip, Архангел и Падот на Византија.Станува збор за современ бенд кој има сопствен креативен печат, хипнотизирачка прецизност и создава препознатлива звучна слика. Нивниот деби албум излегува наскоро.
GREEN FUZZ е бенд составен од членови на ТБ ТРАЧЕРИ и GRAHAM YOUNG кои испорачуват мелодични гласни гитарски песни потсетувајќи не на моќта на трите акорда.
MINDLESS VIOLENCE се брз hard core/crossover бенд кој наскоро ја издава својата прва сплит плоча.
Роденден на уметноста во МКЦ – концерт на molokai, Сашко Костов и ТБ Трачери
Пристигнав во МКЦ негде околу еден час пред почетокот на концертот и првиот впечаток кој ме дочека беше голема раздвиженост, луѓе „распослани“ пред и низ целиот МКЦ, со пијалок в рака, релаксирани и расприкажани. Се гледаше дека забавата тука веќе е во полн ек и дека не се чека исклучиво на концертот за да ја подигне атмосферата.
Сепак, бидејќи бевме дојдени конкретно за музичкиот дел, околу 22 часот се упативме кон денсинг салата. За кратко време, на сцената се појавија molokai, за кои уште низ ходниците добив препорака да им обрнам внимание. Иако дечките се мошне млади, уште во првите 30 секунди се виде дека „сериозно си ја сфатиле работата“ и приредија квалитетна и самоуверена свирка. Инаку, свират инструментален сурф панк-рок и се претставија со материјал од нивното демо, „You Surf We Send Piranhas“  (кое може бесплатно да се симне овде), а некаде кон крајот, ја изведоа и Misirlou од саундтракот на култниот Pulp Fiction. Салата на почетокот беше полупразна, но до крајот на нивниот настап, веќе влегоа доволен број луѓе за да биде онака, релаксирано пополнето.
Меѓу настапите, расположението го подгреваа звуците од новото EP на Bernays Propaganda, „Играј слободно“, кое претставува колекција од ремикси и преработки на нивните песни од разни изведувачи, во најразлични жанрови. За сите оние кои сè уште не го слушнале или симнале, еве линк.
По molokai, следуваa Сашко Костов & The Waiting Waits, кои исто така имаат ново EP, „Counting the Stars“ (бесплатен даунлоуд - тука). Имаа одличен настап, со многу енергија, на која публиката добро реагираше, особено на попознатите песни, како Vertigo и Loosing My Mind. Музичарите и самите се забавуваа, ги менуваа инструментите, со еден збор, целата изведба беше сосема солидна, освен честите приговори до тонецот во врска со мониторите. Бендот веројатно малку го пречекори времето кое им беше определено за настапот (свиреа околу час и 15 минути), па дел од луѓето ја напуштија свирката пред да заврши, за да излезат на воздух/пиво/цигара. Сепак, фановите на Сашко Костов останаа до самиот крај, среќни поради овие додатни минути.
Но, кога конечно на сцената се качија ТБ Трачери, веднаш се виде дека најголемиот дел од посетителите дошле токму поради нив. Сите оние кои дотогаш стоеја во ходниците, фоајето и пред вратите на МКЦ, сега влегоа во салата. А ни Трачери не ги изневерија своите обожаватели. Веднаш започнаа жестоко, а на публиката ѝ беа потребни само неколку такта за да почне да танцува. Се свиреа и старите хитови, и песни од новиот албум „Кинки во нервозната џунгла“, а добрата журка беше заокружена и со бис. Сè на сè, Трачери повторно се покажаа во одлично светло, онака како што сме и навикнати да ги гледаме.
И фабриките имаат душа (Factories have Souls too)
Во ова кратко, но доволно јасно аудио-визуелно патување во кое не водат Наташа и Јане, запловуваме длабоко во една студена и темна атмосфера, бескрајни погони преполни со чудовишни машини и строеви, комплексно испреплетени кабли, метални цевки и инструмент-табли со безброј функции. На сосема кратки моменти се појавуваат човечки фигури, кои се "заробени" во гигантските механизации. Густ чад, вжештени плочи и огнени езера го параат мракот.
Но и покрај ваквите сцени, енергијата која се разлева од печките на "Макстил" е сосема хармонична. Се' многу наликува на едно патување во вселената. Темпото во кое се менуваат визиите, и концентричните кружења, како и ефектот на светло-темно доведуваат до психоделија.
Музиката е совршено вклопена и практично лебди над амбиентот и го надополнува. Избор од експериментален дарк-амбиент и индастријал-електро проследени со вселенски звуци од легендарните Џејмс Плоткин и Афекс Твин, и Сулфур.
Уметничките влијанија се повеќе од очигледни. На одредени моменти не можеме, а да не се присетиме на "2001: A Space Odyssey" на Стенли Кјубрик, како и на психоделичните експериментирања на Кен Расел во "Altered States", а огромните, скоро надреални метални израстоци силно евоцираат на јапонскиот треш/си-фи хорор "Tetsuo".