photo © Two Gallants |
Преку споделените искуства (ове двајца момци се заедно уште од мали нозе, пораснати во Сан Франциско) успеаа да се турнат во еден вонвременски музички свет. Нивните дела се длабоко емоционални, интуитивни, високо интелегентни а во исто време и лесни кои потсетуваат на онаа типична стара американска фолк, блуз, “бенџо” традиција, а сепак доволно современи за да ја привлечат модерната младина. Фактот што овие момци се релативно млади, а пренесуваат толку животни теми кои ги интерпретираат на високо искусен начин, ги прави интересни за целата јавност. Можеби неелитистичкиот пристап ги запира во нивната глобална афирмација, но кога би се запознале со делата на овој бенд, мислам дека ќе сфатите дека и нема потреба од сето тоа.
Во 2004та година го издаваат своето деби издание насловено The Throes за издавачката куќа Alive Records. Непосредно по издавањето, бендот станува популарен во Америка, па решаваат да тргнат на светска турнеа. Свират насекаде и се здобиваат со реноме на бенд кој не смее да го пропуштите. Ослободени од товарот да повикуваат барем десетина луѓе за да можат да одржат свирка, бендот се посветува на пишување нови работи. После цели две години поминати во тотална изолираност, излегува What the Toll Tells кој претставува ремек дело во секој поглед. Бендот продолжува да свири и тргнува повторно на турнеја. Настапувајќи низ цела Европа, Адам успева да склопи доволно материјал за следното издание и непосредно по нивното враќање во Америка го снимаат нивниот трет албум (за жал последен) насловен исто како и бендот Two Gallants.
Овие момци се одличен пример дека не мора секогаш музички да бидат бендовите маргинализирани, некогаш се што е потребно е да си земете голем одмор од кој на крајот сигурно ќе излезе нешто продуктивно. Моментално се најактивни со своите акустични сетови чија изведба можете да ја фатите насекаде по улиците на Сан Франциско, па и некои поголеми Европски градови. 2010та е година во која е најавено нивното ново издание, кое според најавите на Тајсон би требало да биде маестрална акустична бајка.



























