Повеќе од година и половина по смртта на Heath Ledger, на интернет се појави видео спот во негова режија. Станува збор за песната "King Rat" од Modest Mouse.
При посета на родната Австралија, во 2007 година, Heath имал средба со дел од бендот Modest Mouse и ја изложил својата идеја за режирање на спот за песната King Rat. Со него сакал да го искаже својот гнев против нелегалното убивање китови и да ја подигне свеста за истиот проблем.
Видеото останало недовршено поради неговата ненадејна смрт. Но, од вебсајтот The Masses, компанија за музика и филм со која Ledger соработувал, го завршиле видеото и сега е достапно е за гледање.
Modest Mouse најавуваат ново EP 'No One's First, And You're Next, на кое ќе се најде и нумерата King Rat.
А сега, видеото






























