photo © гугл |
Предавачи на работилницата ќе бидат професори од Факултетот за музичка технологија од Утрехт, Холандија. Оние кои ќе бидат избрани да учествуваат ќе можат да одберат да работат со еден или повеќе од овие професори. Главна тема на работилницата ќе биде електроника во живо (real-time). Целта на работилницата е запознавање на слушателите со популарните концепти на синтеза и обработка на звукот во дигиталниот домен.
Ова задоволство чини 100 евра, а во цената се вклучени предавањата, сместувањето, храната и евентуалните трошоци за превоз низ Охрид.
Кој сака да се пријави, може тоа да го стори со праќање на кратка биографија(максимум 15 реда), во која ќе биде вклучена музичката позадина и едукација и кратко мотивационо писмо на адресата: avelinovski[at]publicroom.org






























