The Residents зад себе имаат имресивна дискографија. Над 60 издадени албуми и бескрајна листа на музички кратки филмови. Нивното творештво ги обединува сите можни медиуми. Последниот проект, The Bunny Boy се занимава со интернет видео стримингот...
Токму со овој концепт доаѓаат во Скопје. The Residents се беспрекорно непознати и нивниот идентитет успешно е скриен од 1966 година до ден денеска. Доаѓаат од Лузијана, но работат во Калифорнија, каде што важат за еден од клучните фактори во уметничкиот живот. The Residents се критериум за естетика, смисла и изведба.
photo © www.residents.com |
Во текот на снимачката кариера која се провлекува низ децении, The Residents останаа загатка од огромни размери. Летајќи низ својата музика и животи во една магла од намерна непознатост, членовите на бендот никогаш не се идентификувале по име, секогаш појавувајќи се во јавноста - маскирани, притоа одбивајќи да дадат било каква изјава за медиумите. Најчесто се маскирани во смокинзи, цилиндрични шапки и огромни маски во форма на очно јаболко. И по 35 години, The Residents се сеуште активни - вистински легенди сами по себе. На пример, тие се првите музичари кои креираа музички спотови кои можат да се видат во колекцијата на МоМа во Њу Јорк. Сега, со нов албум и сценска програма, The Residents повторно се во врвот на случувањата. Едни од нај “модерните” , нај харизматичните и нај интересните групи на нашето време. Во нивната работа низ годините може да се забележат легендарни продукции како : “The Third Reich ‘N’ Roll” (1976), “Eskimo” (1979), “The Big Bubble” (1985) или “God in 3 Persons” (1988). The Bunny Boy е првиот концепт за турнеја поставен на сцена од 2003 година.
photo © cover |
Последниот перформанс на The Residents - The Bunny Boy, стартуваше oваа есен. Шоуто е комбинација од теми кои ќе се најдат на новиот албум на групата, под истиот наслов, The Bunny Boy и видеа превземени од The Bunny Boy интернет сериите кои се појавија на почетокот на месец септември, 2008 година.
Приказната е центрирана во ексцентричниот карактер на зајчето, чива потрага по исчезнатото братче го принудува да објавува видеа на интернет каде ќе го испушти “крикот за помош”. Како што се развива приказната, се создава силна интеракција меѓу зајачето и неговата публика, притоа извртувајќи го расказот во чудни и непредвидливи правци. Креирајќи дупка меѓу лудилото и себереализацијата, откаченото, но љубезно зајче се наоѓа себеси во ситуација во која јури кон целта, ни помалку ни повеќе - да го спаси светот од Армагедон.
Опасна авантура!
Сценографијата на Chris McGregor (познат и како: Cube E, Wormwood, Icky Flix) подразбира уникатен “шизофреничен” нацрт план кој на изведувачите им дозволува да се движат меѓу музичкото, видео и театарско кралство.
Опсипувајќи ја публиката со имагинација и звук, во типичен Residents стил перформансот зрачи и има вкус како некој надреален циркус. Групата, својата музика ќе ја изведува во живо, притоа суптилно интегрирајќи се со останатите елементи на изведбата во една ноќ со извртена и уникатна забава.
Со The Bunny Boy, The Residents создадоа уште една “off-beat” поп свирка. Соничен ролер костер во стилот на Duck Stab, The Commercial Album и Demons Dance Alone, албумот содржи 19 теми во брз чекор.
Опсесијата, лудилото и апокалипсата никогаш не звучеле подобро!
Внимавајте:
www.residents.com
www.myspace.com/theresidents
www.youtube.com/user/theresidents



























