Овој настан ќе биде проследен со музиката на етно бендовите Баклава и Љубојна, а ќе се одвива под мотото “Ја сакам Матка“.
photo © флаер |
За сите скопјани, кои сакаат да бидат дел од ова заедничко дружење во споменикот на природата кањонот Матка, ќе биде организиран бесплатен автобуски превоз. Поаѓањето е во 11,30 часот од паркингот кај Дрво декор, а враќањето е во 14,30 часот од Матка.
За најмладите посетители ќе биде организирана аниматорска претстава со кловнови, а на секое дете ќе му бидат дадени балон и сокче. Организаторите на настанот ќе обезбедат пита и јогурт за посетителите, а Планинарскиот дом ќе обезбеди промотивни цени на пијалоците за сите кои ќе дојдат в недела на Матка.
Целта на проектот за Заштита и ревитализација на биолошката разновидност со промоција на одржлив туризам по должината на кањонот Матка е заштита на животната средина преку заштита и зачувување на биолошката разновидност во кањонот Матка, кој претставува еден од најголемите рефугијални центри на реликтната и ендемичната флора и фауна во Република Македонија.
Како што може да приметите текстот е скоро идентичен како пред месец дена.
Останува само да не заврне...



























