Њујорк Универзитетот Скопје, во соработка со колективот субРоса од САД ја организира колаборативната работилница за изведувачки уметности ГЕСТАЦИЈА која ќе се одржи од десетти до шеснаесетти мај во просториите на универзитетот во Сарај. Како завршница, предвиден е и јавен настапа на субРоса со учесниците на работилниците, реализиран во соработка со press to exit project space програмата Предавања, презентации и изложби.. Презентацијата, која ќе биде отворена за пошироката јавност, ќе се случи во Културниот Центар Точка, во четврток19 Јуни 2008, со почеток во 20 часот.
Четиридневната работилница, насловена “ГЕСТАЦИЈА”, ќе понуди како теоретски, така и практичен вовед во феминистичката практика на изведувачки уметности. Ќе се изучуваат следниве теми: претставување на женското тело во изведувачките уметности и како да се креира креативен партиципативен проект. Работилницата ќе демонстрира како учесниците можат да ја подигнат свесноста на јавноста за одредена проблематика и како да креираат позитивен импакт во социјалниот и културниот контекст преку партиципаторна уметност.
Јавниот настап кој ќе се случи во четврток 19 Јуни 2008, со почеток во 20 часот во Културниот Центар Точка и ќе биде отворена за пошироката јавност, ќе ги престави резултатите од работилницата. Исто така, како дел од настапот, субРоса ќе одржат предавање за скорешните трендови во тактичките медиуми, преку видео презентација на својата уметност.
субРоса е колектив од културни работници посветени на креативно комбинирање на уметноста, активизмот и политиката. Колективот има настапувано и изложувано во САД, Холандија, Германија, Мексико, Канада и Сингапур. Феитх Вајлдинг, основачот на субРоса, е интердисциплинарен феминистички уметник, теоретичар и историчар, која работи како Професор и Декан на Одделот за Изведувачки Уметности при School of the Art Institute of Chicago. Додека Хајла Вилис е феминистички уметник и графички дизајнер, која работи како Асистент Професор по Медиа Ументости на Carnegie Mellon University.
Влезот на работилниците и јавната презентација е слободен за сите заинтересирани. Официјален јазик на работилницата е англискиот јазик.



























