Центарот за Изведувачки Уметности- МУЛТИМЕДИА од Скопје во соработка со Музеј и Завод, Штип, Општина Штип и Совет на град Штип, Фондација за развој на локалната средина, ДСМУ Сергеј Михајлов и НВО Заедно, во периодот од 26-ти до 29-ти април, 2007 год. во Штип организираат Фестивал на Урбани Уметности „АРТ ГЕНЕРАТОР“ . Проектот финансиски е поддржан од Central European initiative координирано преку Министерство за Култура на Република Македонија, Про-Хелвеција, Скопје, Агенција за млади и спорт (програма Сите различни-Сите еднакви).
photo © Постер |
“АРТ ГЕНЕРАТОР 2007” е место за дијалог на заедниците од регионот на Балканот, оспособувајќи ги луѓето да ја употребат уметноста како медиум на соочување, комуникација и влијание врз општествените и социјалните прашања. За време на 4 дена (26-29.04.2007) овој фестивал ќе престави разновидни уметнички содржини кои вклучуваат филм, перформанс, музика, отворени и јавни инсталации, работилници и предавања кои го обработуваат прашањето на регионалната мобилност.
Годинешната тема на Фестивалот е: “Манифест на тркала: Хијазма на Уметничката Мобилност”. Оваа е референцијална точка на секоја активност. Темата ја поттикнува желбата и страста на уметниците и младите за патување и културен дијалог, што всушност преставува и агенда на Балканот поради политичката, економската и социјалната изолација на земјите. Уметничката перцепција и восприемање на концептот на мобилноста ќе биде водечкиот елемент за градење на „Манифестот на тркала“, предвестувајќи ги крстосниците каде сите се среќаваат и разменуваат.
Програмата на „АРТ ГЕНЕРАТОР“ обединува видео програма која се состои со јавна презентација на видео продукцијата на девет земји: Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Полска, Албанија, Турција, Бугарија и Македонија,јавна перформанс програма во реализација на театарската трупа: Породица Бистрих Потока, Србија, музичка програма во концертна изведба на Алек Пејовски трио,визуелна инсталација на Џорџе Јовановиќ и две интерактивни работилници „Stop-motion анимација 101“ и „ Стикер Арт“ работилница. Сите настани ќе се изведат на 3 различни културни точки во Штип, видео програмата и инсталацијата во Безистен, перформансот на Градскиот плоштад и музичката програма во ДСМУ Сергеј Михајлов (салата за јавен час).
photo © Арт Генератор 2005 |
Фестивалот е замислен како јавен настан кој со својата содржина ќе ги анимира пред сé младите во Штип и позитивно ќе влијае на квалитетот на културно живеење во град Штип. Оваа активна и организирана партиципација на младите ќе допринесе во градењето на локалната културна политика и ќе ги оживее местата во Штип, есенцијални за неговото културно живеење. Воедно оваа програма ќе биде основата за иден развој на Младинска Уметничка Платформа која пред се ќе ја поттикне и вообличи регионалната мобилност помеѓу уметниците.
photo © Арт Генератор 2005 |
“Манифестот на тркала” и АРТ ГЕНЕРАТОР 2007 ги поканува уметниците и посетителите да бидат истражувачи кои ќе ги бараат врските помеѓу скриените реалности, непознатите приказни и слики, непотполните информации и непотполни мапи на територии одбележани со загуба, насилство, жалење, социјална борба и отпор. Истражувачите можеби ќе најдат доказ на (не)видливи мрежи на солидарност, бегство и отпор создадени од различни групи на луѓе чии животи, градови и земји се видливо сменети од силите на неодамнешните промени во регионот и глобализацијата.
ПРОГРАМА



























