Прес-Филозофски Филмски Фестивал

Прес-конференција на 8. Филозофски Филмски Фестивал
 
 

Филозофското друштво на Македонија во улога на организатор на Филозофскиот Филмски Фестивал на 4 април 2018 (среда) со почеток во 12.00 ч. во просториите на Кинотеката на Македонија ќе одржи прес-конференција.

На прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена со претстојниот 8. Филозофски Филмски Фестивал (12-19 април) и неговата програма. Новинарите ќе имаат можност да дознаат повеќе за различните сегменти на Програмата, т.е. за: Официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови, Ревијалната програма: филм-философија во рамките на која излагања ќе имаат повеќе универзитетски професори и режисери од Македонија и странство, Едукативната програма на Фестивалот (оваа година посветена на најмладата публика) и ФФФ Караванот по завршетокот на Главната програма на Фестивалот во Скопје.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за култура, Филозофскиот факултет при УКИМ, Кинотеката на Македонија, Факултетот за драмски уметности во Скопје и многу други соработници и пријатели (www.philosophicalfilmfestival.mk)

Новинарите заинтересирани да го проследат медиумски фестивалот, на крајот од прес-конференцијата ќе можат да се пријават за прес-акредитации.

Во очекување на Вашето присуство,

Со почит,

Филозофски Филмски Фестивал

 
 


Инаку, покрај другите зачини за сладокусци, на фестивалот можете да уживате и во

 

Фил(м)ософија за деца – прв пат во Македонија

 


 

ФФФ 2018: Едукативна програма – ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА

11-15 април 2018

Прв делФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА

Програма: “WHAT IF THE WORLD WAS TRANSPARENT?

– A SIMPLE GUIDE FOR SPREADING PHILOSOPHICAL WONDER IN THE CLASSROOM”

 

Повеќе информации на ЛИНК


hakfin | 03.04.2018 | twitter