Private Music - Кокан Димушевски на ДММ

PRIVATE MUSIC - Концерт на Кокан Димушевски
 
 Кокан Димушевски - електронски инструменти
 Љубиша Кировски - виола
 
 Програма:
PRIVATE MUSIC бр.1 (2016)
- празен простор
- прашалници
- жртвен танц
 
PRIVATE MUSIC бр.2 (2018)
- не ми кажа збогум
- меѓупростор
- ми вети
 
 СКАМА (2018)
 
 PRIVATE MUSIC бр.3 (2018)
Тоа е тоа


 


слика


 

„Како да се дофати недофатливото? Да се искаже неискажливото? Да се улови неуловливото? Да опише неопишливото? Празниот простор исполнет со смисла. Разделбата молчешкум. Ветувањето без цел и епилог. Како да се реши енигмата кон што стремеле мислителите од сите филозофски и естетички епохи, а да не се употреби немоќниот јазик на вербалниот израз. И да се остане, притоа, свој, сопствен, личен, уникатен. И уверлив и прифатлив и разбирлив. Мојот одговор е овој. Неопишлив, но сфатлив за сите оние што се соочиле со мистериите на универзумот и со одгласот што се крие во секој од нас. И, којшто излегува некогаш. Во некој таен час, во тишината на ноќта или пред раѓањето на зората.“ - Кокан Димушевски

Истражувачкиот дух на Кокан Димушевски придонесува неговиот авторски опус да е исклучително богат и разновиден. Освен жанрите на поп и рок - музиката, тука спаѓаат радиофонските дела, музиката за театар и филм, современа електронска музика, џез - музиката за големи и мали состави, камерни дела, дела за симфониски оркестар, многу музички авиза за потребите на РТВ станици, играни ТВ серии итн. Заради широчината на опфатот во секоја смисла, неговиот творечки манир неизбежно носи елементи на еклектицизам, типичен за многу автори на дваесеттиот век. Во последниве години неговите музички интереси се свртуваат кон компонирање за таканаречените „класични оркестарски формации“ кои ги дополнува со електроника, при што компонира неколку оркестарски композиции, дела за големи камерни оркестри, квартети итн.
 
25 март 2018 / 20:00
Музеј на Град Скопје
Влезот е бесплатен

Ranti | 16.03.2018 | twitter