Фестивал 84, Јахорина

ЕГЗИТ, кој минатата недела на деветтото годишно доделување на Европските фестивалски награди официјално беше прогласен за најдобар голем европски фестивал, од 15-ти до 18-ти март на олимписката Јахорина го стартува новиот Фестивал 84! Станува збор за формат на зимски музички фестивал на планина, кој е сѐ повеќе баран во Европа, а судејќи по брзото темпо на продажба на влезниците, уште од првата година ова ќе биде и еден од најголемите од овој тип во светот! Ваквите фестивали се познати по исклучително енергичните журки во големите монтажни шатори, чиј капацитет може да ги надмине и спортските арени, а веќе од првата година ЕГЗИТ на Јахорина ќе ги доведе некои од најактуелните светски ѕвезди покрај водечките регионални имиња! Фуриозната листа на Фестивал 84 ја предводат британските суперѕвезди Sigma, познати по хитовите кои не се симнуваат од радио станиците и соработките со ѕвезди како што се Kanye West, Ellie Goulding и Paloma Faith, додека тие самите ги предводат и програмите на најголемите зимски фестивали поради бордерската химна „Higher“ која ја пее Labrinth! На Јахорина стигнува и славниот активистички колектив и голема лондонска група Asian Dub Foundation, чиј звук беше директен пример и за најголемата балканска група Дубиоза колектив! Покрај нив доаѓаат и апсолутните клупски хитмејкери Mahmut Orhan, Burak Yeter, како и руското диџеј дуо Filatov & Karas чии хитови бројат милијарди „Јутјуб“ прегледувања! За вистински техно и хаус маратон на планината ќе биде задолжена листата која ја предводи словенечкиот „техно татко“ Umek, потоа славниот холандски диџеј маг Patrice Bäumel, но и најбараното техно дуо на Балканот, тандемот од Бања Лука Младен Томиќ и Синиша Тамамовиќ! Регионалните рок суперѕвезди Van Gogh доаѓаат на Јахорина да ја соберат публиката од сите краишта, а жестоко ќе биде и со неприкосновените регионални рапери како што се Bad Copy, но и Frenkie, Kontra и Indigo, но и во моментов најслушаните мангупи Helem nejse! На Фестивал 84 доаѓаат и најдобрите претставници на домашната сцена, After Affair, A Skitzo, Billain, Black Acid b2b Vanyano, DJ Soul, Forest People, Forniva b2b Andrej Jelić, G.Edd b2b Fedja Knajdl, Merakoon, Mr. Mehikano, Said5, Soole b2b Robert S, Woodie, Worda, Zli Jay и многу други!


flaer


По впечатливиот настап на Егзит и Си Денс фестивалите, британското дуо Sigma доаѓа да ја провери и публиката на Фестивал 84! Нивниот колосален хит „Nobody to Love“ им донесе две номинации за БРИТ наградите и стана број еден британски сингл. Нешто подоцна, истата позиција ја зазема и нивната нумера „Changing“. Нинвиот хит „Find me“ го изработија во соработка со Греми номинираната пејачка Birdy, а во овој емотивен спот глуми најактуелната млада актерка во подем Millie Bobby Brown, главната глумица во планетарно популарната серија Stranger Things! Британскиот состав Asian Dub Foundation веќе ги освои ЕГЗИТ и Петроварадинската тврдина, а сега е на ред и Фестивал 84! Секогаш директни и драматични, како во настапите, така и во текстовите, активистите кои не се плашат да застанат против општествените неправди и да се борат за оние чиј глас не се слуша, носат ефектен микс на хип-хоп, денсхол, рок, панк и реге звук.
 
По минатогодишната незаборавна журка која ја приреди на Си Стар фестивалот, словенечката легенда на техно жанрот – Umek, доаѓа да ја загрее и Јахорина! Присутен на сцената повеќе од две децении и лично одговорен за популаризирање на електронската музика на Балканот, Umek е еден од најбараните диџеи на денешницата. „Битпорт“ во 2010-та му ја додели титулата за најдобар техно изведувач, додека во 2013-та неговата трака „Goes On“ беше прогласена за најдобра на International Dance Music Awards. Журка ќе приреди и меѓународно познатиот диџеј и продуцент Patrice Bäumel! Тој на Јахорина стигнува по многу успешната 2017-та година, во која беше повикан од престижното „Би-би-си Радио 1“ да учествува во создавањето на познатиот „Essential Mix“ серијал, а неговиот сингл „Glutes“ се најде на листата на „Миксмаг“ како една од најдобрите нумери на годината и можеше да се чуе во клубовите жирум светот!
А директно од морските фестивали Си Стар и Си Денс на Јахорина стигнува и Mahmut Orhan, творецот на мегахитовите „Feel“ и „Save Me“, но и на официјалниот ремикс на темата од серијата „Game of Thrones“ кој беше неодминлив летен хит на плажите во времето додека целиот свет на екраните ја следеше седмата сезона. Нему ќе му се придружи и подеднакво бараниот хитмејкер од Амстердам, истотака со турско потекло, Burak Yeter, чиј сингл „Tuesday“ со речиси хипнотичко дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас. По 10 години самостојни настапи ширум светот, соло изданијата за некои од најеминентните етикети како Universal Music, Warner Music и т.н. во 2012-та година, Alex Karas и Dmitry Filatov, одлучија да ги здружат силите. По одличниот старт на 2015-та година и успехот кој го постигнаа со ремиксот на синглот на француската пејачка Imany „The Good, The Bad and The Crazy“, следуваше неочекуваниот подем на овој тандем. Многу бргу потоа, во етерот се заврте и ремиксот на интернационалниот хит „Don't be So Shy“ кој освои платинест тираж, а воедно се најде и на листата на најбараните синглови на музичката платформа „Шазам“. Со новиот хит „Time Won’t Wait“ и преку 50 милиони прегледувања на „Јутјуб“ платформата, не можеме да очекуваме ништо помалку од феноменална журка која ќе ја приредат на Јахорина!
 
Откако ЕГЗИТ Летото на љубовта во 2017-та година беше најголемиот фестивалски потфат на овие простори, опфаќајќи ги Си Денс на Јаз, Револушн во Темишвар, Си Стар во Умаг и секако централниот ЕГЗИТ фестивал во Нови Сад, новиот проект „EXIT Freedom“ во 2018-та ќе биде уште поголем бидејќи кон него се придружува и петтиот член – Фестивал 84! Премиерното издание на Фестивал 84 ќе се одржува од 15-ти до 18-ти март годинава на повеќе локации во рамки на Олимпискиот центар Јахорина. Програмата на фестивалот се креира по формулата 2+2 користена и за изразито успешниот Си Стар фестивал во Умаг. Така првиот ден на фестивалот ќе има вечерна журка за загревање, а следните два дена програмата ќе биде отворена во полн капацитет и во текот на денот на ски стазите и во текот на ноќта во монтажните објекти на терените пред Хотел Бистрица, но и на други затворени локации, како во Бистрица, така и во други локали. Последниот ден ќе биде резервиран за журата за затворање, со која воедно и официјално ќе биде затворена зимската сезона во Олимпискиот центар Јахорина.

flaer


 

Акцијата 1 влезница = 5 фестивали“ само до 26-ти јануари!
Само до 26-ти јануари трае најголемата акција на Егзит досега „1 влезница = 5 фестивали“! EXIT Freedom 2018 концептот го чинат дури пет фестивали во пет земји: EXIT, Festival 84, Sea Star, Revolution и Sea Dance, а до крајот на траењето на акцијата сите купувачи со ЕГЗИТ влезницата по промотивна цена од само 3.580 денари, добиваат влез на останатите четири фестивали, меѓу кои и за Фестивал 84, со кратка претходна регистрација.
 
Уште многу ограничен контингент влезници за Фестивал 84 со неверојатни 60% попуст, по цена од 999 денари ќе бидат во продажба во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат) до крајот на денот или до истек на залихите, по што нивната цена ќе биде повисока. На сајтот на овицијалната егзитова туристичка организација exittrip.org достапна е и ограничена количина промотивни пакети со влезница за фестивалот, дводневна ски-пропусница и сместување за Фестивал 84, но и специјално скроените туристички пакети за останатите фестивали во организација на тимот на ЕГЗИТ.

Ranti | 02.02.2018 | twitter