Rag`n`Bone MAN во Скопје @11.05.2018

Почитувани пријатели,
Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11ти мај.
Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје.
 
флаер


 

 
Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human“, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач ...на деценијата! Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.
Покрај тоа што Rage`n`Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.
Инаку, концертите на ТОТО, Rage`n`Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува прославата на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.

25 години... и одиме понатаму!

Ranti | 29.11.2017 | twitter