ЛУЗЕР ФЕСТ 2017

9.12.2017 || МКЦ, Скопје || Билети: 100 денари.

Со ЛУЗЕР ФЕСТ - еден од нам омилените настани, НА 9-ти ДЕКЕМВРИ годинава имаме чест да го затвориме обемниот 10-дневен концертен календар на Таксират 2017! Финалистите кои ќе настапат на „Лузер Фест“ се веќе одбрани, а заедно со публиката и жирито можеме да ги започнеме кондиционите подготовки за целовечерниот настан на кој ќе го одбереме победникот кој ќе си снима албум!


флаер


 

Финалисти на ЛУЗЕР ФЕСТ 2017 (по азбучен ред) се:
Bona Dea, Conspiracy, DARK SKY, Kain/Каин, Man In a Suit, Sybil и TRIGGERED.mk!

Со овие имиња првиот круг на „Лузер Фест“ се затвори, a за финалето ве повикуваме да ги поддржите младите демо бендови на лице место и заедно да ја освежиме сцената со нови сили!

Ranti | 29.11.2017 | twitter