Лица - документарец на Ханис Багашов

Видеорепортажата зборува за животот на различни лица во исто време и на исто место – пехчевското село Црник, Источна Македонија. Краткиот документарен филм е во режија на средношколецот Ханис Багашов, а музиката е на Златко Ориѓански. Во него се раскажува за младите од ова село кои поради сиромаштија и невработеност биле принудени да ја напуштат државата и да работат во странство. Оние пак, кои останале, сведочат за тешкотиите на луѓето во малите села. Краткиот филм е снимен во јули, 2015 година, а беше промовиран неодамна во Тетовскиот центар „Лоја“. 

 


hakfin | 12.11.2017 | twitter