Европски Оскари на CINEDAYS

Објавени се кандидатите за овогодишните европски Оскари. Пред да бидат прогласени најдобрите во Европа, скопската публика ќе има можност да погледне некои од нив:

Во конкуренција за најдобар филм е „Без љубов“на Андреј Звјагинцев, „ Другата страна на надежта“на Аки Каурисмаки, победникот на Канскиот филмски фестивал „Квадратот“.


logo


 

За најдобра режија покрај Аки Каурисмаки и Андреј Звјагинцев номинирани се и Јоргос Лантимос за „Убиство на светиот елен“и Рубен Остлунд за „Квадратот“.

За најдобри актери конкурираат Клес Банг („Квадратот“), Колин Фарел („Убиство на светиот елен“), како и Жан-Луј Трентињан и Изабел Ипер („Среќен крај“).

Ова е само почеток. CINEDAYS 2017 допрва почнува.


Ranti | 09.11.2017 | twitter