Образец Б16 - краток анимиран филм на Иван Ивановски

Ве известуваме дека во среда, 8 ноември, во киното Фросина ќе се прикаже новиот краток анимиран филм Образец Б16 на режисерот Иван Ивановски. 
Филмот е за човекот кој го добива најмалото парче од колачот. Заглавен во бирократскиот лавиринт, тој се соочува со низа апсурдни ситуации и следејќи ги веќе воспоставените и предодредени чекори, тој успева да стаса на почетокот. 
Филмот е работен во колажна техника стоп-анимација и е четврто остварување на Ивановски, кој досега со кратките анимирани филмови Конзо, Народен Фронт и Внатре има учествувано на десетици меѓународни фестивали и освоено повеќе награди. 
На Образец Б16 Иван Ивановски се потпишува уште и како сценарист, аниматор и дизајнер на звук, извршен продуцент е Елена Станишева, а монтажата и специјалните ефекти се на Доријан Миловановиќ. 


plakat


 

Продуциран е од Веда Филм во соработка со Флип Бук Продукција, а е поддржан од Агенцијата за филм на РМ. 
Покрај претпремиерата на Образец Б16, ќе бидат прикажани и останатите остварувања на Ивановски.

Ranti | 08.11.2017 | twitter