Интровертност - изложба на фотографии од Влатко Деков

// Concept 37 и Paratissima Skopje започнуваат со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници. Започнуваме со изложбата на фотографии наречена „Интровертност' од Влатко Деков.

13. октомври / 20:30
 

Name of the photo © Author


 

Денешниот свет ги фаворизира екстровертните луѓе. Креиран е според нивни норми и воопшто не е сензитивен за луѓето кои не се гласни, кои не зборуваат со секого за своите чувства, кои не се експонираат во јавноста, за луѓето кои најпрво чувствуваат а потоа преземаат акции. Интровертните луѓе е темата на оваа серија фотографии настаната летото 2016 и 2017 во ретките моменти кога и самиот сум се идентификувал како инторвертна личност. Станува збор за мал личен придонес во претставување на светот на интровертните луѓе , фотографии снимени во неколку европски градови но претежно на португалските плажи некаде помеѓу Лисабон и Порто. Светот не е едноличен. Светот се чувствува и на друг начин.

Ranti | 09.10.2017 | twitter