Battleme (USA) во МКЦ

BATTLEME претставува: ’CULT PSYCHOTICA’
 
CULT PSYCHOTICA не е култ.
CULT PSYCHOTICA не е танц.
CULT PSYCHOTICA не е дрога.
CULT PSYCHOTICA не е движење.
CULT PSYCHOTICA не е плоча.
CULT PSYCHOTICA е глас.
 
Battleme восхитено го најавуваат својот нов албум, Cult Psychotica, кој ќе биде издаден на 6 октомври под етикетата на издавачката куќа El Camino Media и ќе одржи концерт на 29 октомври во МКЦ Скопје, во организација на концертната агенција "Rock Svirke" со почеток во 21:00.
 
Билети по цена од 250 денари во продажба на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс. Цена билет на вратата 350 денари.



флаер


 

„Cult Psychotica е глас“ вели фронтменот Matt Drenik, кој новите песни ги напишал во текот на првите месеци на кампањата на претседателските избори во Америка во 2016 година.
Бенодт ги сними своите 10 песни во рок од седум дена во студиото Get Loud во Портланд. Крајниот резултат е навистина мајсторска реакција на моменталната состојба во светот или како што вели и самиот Drenik „правовремено размислување за нашата скршена реалност“. Покрај веста за новото издание, бендот е возбуден да ја најави и големата европска турнеја оваа есен, турнеја на која ќе ја промовира новата плоча.

Пристапот на Drenik кон албумот Cult Psychotica е преиспитување на американската психа во овие несигурни времиња, но без отворено политички ангажирани песни.
Наместо тоа, да ја отслика дистопијата во која живееме, тој користи концептуален пејзаж на херој и губитник, на извртени вистини и теории.
Првата песна на албумот, „No Truth“, од самиот почеток поставува одреден тон, прогласувајќи дека таму нема вистина за вас, додека песната „Bitch Blues“ ја документира земјата во немири.
Десетте песни на Cult Psychotica се омаж на течниот, понекогаш и морбиден сон, кој се врти околу дрениковата визија за урбаниот американски пејзаж, кој го водат лажговци и измамници, кулминирајќи во цутот на песната „Lowlife“.

Во текот на Battleme кариерата, која трае повеќе од 7 години, Drenik своето внимание го доби со брендот психоделичен рок со примеси на блуз.
Esquire прогласи „дека, доколку Flaming Lips би напишале оригинална песна во текот на своето изведување на класикот на Pink Floyd - The Dark Side Of The Moon, сигурно би звучеле како Battleme".
Rolling Stone пишуваше за способноста на бендот да свири крешенда во стилот на The Smashing Pumpkins, додека Billboard го открија Battleme грувот, споредувајќи го со оној на Queens Of The Stone Age.

Во текот на 2017 Drenik се врати на своите акустични соло корени со изданието Live at Cactus Café, издание на кое се поместени неколку песни со настапите на Drenik во неговиот роден Austin.

Battleme го објавуваат својот нов студиски албум, Cult Psyhotica на 6 октомври преку издавачката куќа El Camino Media и во полн состав ја започнуваат својата европска турнеја на 26 септември во Копенхаген.

Ranti | 22.08.2017 | twitter