FILCH - Концертна промоција на првиот албум

 Ни претставува задоволство да ве повикаме на промоцијата на self titled деби албумот на Filch. После долг период на создавање и работење на музиката и после повеќе потешкотии, конечно сме тука, албумот е готов, датумот е закажан, сѐ е подготвено за една одлична вечер.

Ве покануваме сите да го означиме заедно почетокот на оваа наша приказна преточена во музика, музика која знаеме дека е наша, искрена и има за цел да го оплемени духот на секој кој ќе подзастане и ќе обрне внимание на неа. Оттука само напред и нагоре! Бидете таму! 

Name of the photo © Author


 

Датум: 16.09.2017 (сабота)
Место: МКЦ Кино Фросина
Време: 20:00
Влез: БЕСПЛАТЕН

На промоцијата ќе може да го најдете и албумот по промотивна цена од 150 денари, а после... концертот грувањето ќе продолжи во Кафе МКЦ!

Filch:
Zlatko Andrijevski - гитара
Darko Stojoski - гитара
Теодор Бошков - бас гитара
Branko Saplamaev - клавијатури
Gisho Dinev - тапани

************************

А кој е Filch?
Свесен но дезориентиран, одвратен но секси, Filch ќе ве води низ секојдневната машинерија наречена живот. Нема потреба од зборови, нема потреба од ирационално возбудени сетила. Ви се допаѓало или не, сите сме Filch.

Уживајте во нашите инструментални приказни додека се обидуваме да ги насликаме нашите внатрешни импресии од овој див свет.
Filch ве сака. Сите ве сака. Па, можеби и не баш сите.

Ranti | 22.08.2017 | twitter