Прилепски џез викенд

Се ближи датумот на шестиот по ред Прилепски џез викенд...оваа година ќе започнеме во прилепските џез клубови Сидро и Тејк фајв со оф програма на 22 и 23 Август и ќе продолжиме традиционално на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на 24,25 и 26 Август

флаер

 

Годинава, на наше големо задоволство, честа да го отворат фестивалот им припадна на Биг бендот на Здружението на џез музичари на Македонија.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е организација основана со цел да ги обедини џез-фановите од Македонија, вклучувајќи ги џез музичарите, студентите и професорите од џез-академиите, хонорарците, но и поддржувачите на оваа форма на уметност.
Главната цел што ги обединува активностите на здружението е да придонесе за афирм...ација на македонската џез музика преку промоција на продукцијата и изведбата на авторската џез музика што ја создаваат и изведуваат македонски џез композитори и музичари, а со тоа и да го зголемат медиумското присуство и презентација на локалните фестивали и во странство.
Активностите на здружението вклучуваат едукација на млади таленти и музички ентузијасти преку организирани работилници низ целата година, одржани од членовите на Здружението, кои се професори на Факултетите за музика во Скопје и Штип.
Покрај тоа, здружението на џез музичари и слободни уметници организира разни тематски џез настани и благодарение на неговата урбана димензија, ја доближува џез културата до публиката, што е од особена важност и за македонската џез музика и за култура. Поканата на еминентни џез музичари од странство дополнително ја прави нивната цел поширока.
Во рамките на здружението работи и Биг Бенд, кој го сочинуваат членови на Здружението, но често соработува со музичари од странство. Програмата на Биг Бендот вклучува композиции создадени од македонските џез композитори на помладите генерации, како и дела на големите гиганти и основачи на македонската џез музика.

Татјана Ранташа

 

Настан што не смеете да го пропуштите Metachronic Talking
Metachronic Talking
Marie Marais вокалист, тромбонист и автор, со ова Трио ви нуди една текстура која се повикува на некои далечни времиња: сиров глас со звук на кожа и дрво, со нијанси на трска и бакар, со густина на житно зрно, полно со звучни приказни од ова денес и некое утре: едно патување низ времепросторот.

Denis Guivarc'h саксофонист и копозитор на француската џез сцена и... специјалист по музика асистирана од компјутер. Повеќе од 20 години е во придружба на Magic Malic…соработува со многу други музичари од светската џез сцена како : Steve Coleman, Bojan Z, Paco Sery, Neison Veras, Pierre de Bethmann, Luis Mutin, Julien Laureu, Anga Diaz....

Александар Петров повеќе од 15 години еволуира на светската музичка сцена со неговиот традиционален инструмент ТАПАН и со тапани. Лидер е на повеќе групи, како : Bace Quartet со Theodosii Spassov, Vasil hadzimanov i Bashar Khalife, Imaginary Folklore со Leo Genovese i Francesco Marcocci, Petrov Quintet и тн... Соработува со Marcel Khalife, Bojan Z, Peter Herbert, Marc Helias ...

Marie Marais - вокал и тромбон
Denis Guivarc'h – саксофон
Aleksandar Petrov – тапани
Специјален гостин:
Газменд Бериша - виолина

N/A


 

Прв пат во нашиот град Џон И. Апелгрин & Мартин Ѓаконовски Трио... 25 Август 17

Џон И. Апелгрин & Мартин Ѓаконовски Трио
Специјален гостин Кире Кузманов
Соработката на Џон И. Апелгрин и Мартин Ѓаконовски датира од крајот на 80` во тогаш култниот квартет М2. Конечно се спојуваат повторно во 2017г и снимаат аудио материјал, кој веднаш добива позитивни критики помеѓу малкуте среќници кои успеале да го преслушаат. Концертот на Prilep Jazz Weekend ќе биде посветен на Nat King Cole , како впрочем и целиот проект.
Џон И. Апелгрин - вокал
Мартин Ѓаконовски - бас
Гордан Спасовки - пиано
Левин Ѓаконовски – тапани
Специјален гостин:
Кирил Кузманов – алт саксофон

N/A


 

MAX KOCHETOV QUARTET...несекојдневен џез квартет кој ни доаѓа од Србија...годинава го отвараат и Нишвил џез фестивалот..Сабота 26 Август 2017.

Квартетот го основа Max Kochetov , украински музичар кој живее и работи во Белград. Се собираат млади музичари , но со богато музичко искуство : Max Kochetov – алт и сопран саксофон, Александар Грујиќ – клавир, Милош Чоловиќ – контрабас и Александар Цветковиќ – тапани. Квартетот веќе стана препознатлив по специфичната авторска музика во стилот „Post-Bop“ и начинот на негово изведување.

N/A


 

Годинава имаме чест да го претставиме пред прилепската публика првиот џез бубњар на EX YU, Круно Левачиќ, со квартетот The Problems 

ПРОБЛЕМИ е група на музичари што свири музика која наликува на џез, соул, фанк, рок, класична, балет, опера и многу повеќе.Репертоарот им се состои од композициите на бендот и реинтерпретација на повеќе или помалку познати композиции од други автори. Непредвидливите пресврти на сценаријата од концертите и живописната динамика при изведбата н...а секоја композиција се карактеристика на овај мал, но енергичен и проблематичен бенд.

Членовите им се познати на слушателите и од настапите со многу познати музичари од целиот свет. Бидејќи сега и тие станаа познати, нема никаква смисла да се набројува со кого се имаат свирено, или пак кој се свирел со нив. Најважно е дека прекрасно и креативно свират во овој бенд. За разлика од повеќето денешни џез бендови, кои свират за определен и тесен круг на обожаватели на овој стил на музика,Проблеми свират за одржување на музиката и open mind публиката.
Со други зборови, овој бенд свири интересно... слично на оние џез бендови од времето, за кои слушаме од легендите како ја забавувале публиката...ја поттикнувале да се смее, да плаче или да танцува.

Лука Žužić - тромбон
Марио Bočić - саксофон
Ivar Roban крст - бас
Круно Levačić - тапани

N/A


 

Ѕвездата на фестивалот...најхаризматичниот лик од Белградската хип-хоп сцена, во Прилеп со посебна џез варијанта..... Марчело&Напети бенд

Експериментирањето во оквирот на хип-хоп, на Марчело никогаш не му било туѓо.
Уште пред една деценија од страна на тврдокорните поклоници на овој музички правец беше оптужен за ерес, воведувајќи живи инструменти на својот втор албум "Puzzle Shock". Во песната "Uskurativna", од таа плоча, на која ги постави новите жанровски стандарди на ова...а територија, можат да се пронајдат првите траги од неговите фасцинации на слободната форма на џезот.
Марчело никогаш не криел дека во слободно време најмногу слуша музика која што нема многу врска со хип хопот. Неговото последно издание "Napet šou",кое во првите шест месеци се продаде во повеѓе од 10 000 примероци, и е под влијание на главниот композитор и долгогодишен соборец на Марко, Раде Склопиќ – Раид, донесе на свет далеку повеќе со џез обоени нумери, отколку неговите неколку претходни албуми.Меѓу музичките соработници на "Napet šou", најбројни се припадниците на домашната џез сцена, предводени од Александар Јовановиќ Шљуко и Филип Крумес.
Учеството на Мишо Блам на албумот и на, за жал, веројатно еден од последните забележани снимки од овој великан на џез сцената, само додатно го потврдува овој факт.
Тукушто излезениот прекрасен соло албум на Раид "Little Box", најавува дека во иднина џез елементите ќе бидат основа на понатамошниото музичко творештво на Марчело.
Затоа е логично што за овогодинешниот фестивал, Марчело со своите Филтери во друштво на избрани џез уметници (собрани под името Напнат Квинтет) после успешните настапи на фестивалите како Нишвил, EXIT и Lovefest, да му понуди на Прилеп концерт со џез варијанти на своите омилени песни. Марчело, очигледно се наоѓа во период кога ниеден предизвик не му претставува непремостлива препрека, а за публиката овај концерт ќе биде шанса да провери на лице место колку созреал еден од најголемите домашни автори на помладата генерација.

N/A


Годинава фестивалот нуди богата ОФ програма ... Промоција на CDто „Пет години Прилеп Џез Викенд“ , изложба на ECM кавер фотографии на Fotini Potimia aka LAMP пропратена со промоција на CDто во издание на ECM, „Русилово“ , A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф, аудио-визуелен перформанс на Тома Димовски и Дине Донеф...концерт на Equinox во Кафе СИДРО, концерт на Кабадајас во Џез клуб тејк фајв...информирајте се и земете си слободни денови 


Ranti | 17.08.2017 | twitter