ФИЛМ+ повторно во печат

Месечното филмско списание ФИЛМ+, кое излегуваше во октомври, ноември и декември 2016 година, по шестмесечна пауза повторно почнува да излегува. На 26 јули читателите ќе можат да го купат, но овој пат како додаток на дневниот весник „Слободен печат“. Поради тоа ФИЛМ+ ќе претрпи одредни измени во дизајнот поради димензиите на весникот, но не и во својот концепт и содржини. Екипата на ФИМ+ останува иста, подеднакво инфицирана со филмот, која ја предводат уредниците Сунчица Уневска и Влатко Галевски.
 
насловна


Во четвртиот број на ФИЛМ+ донесуваме интервју со познатата македонска актерка и професорка Синоличка Трпкова, која вели дека е доста од удирање в гради и претставување неуспех како успех. Во новиот број се претставени големиот број македонски филмови и проекти кои годинава се селектирани на регионалните фестивали во Херцег Нови и во Сараево. Во ФИЛМ+ има и анализа за креативното фијаско во Холивуд, но и за бсемртната франшиза на „Спајдермен“. Тука се и редовните рубрики „Во прво лице“, „Светските класици“, како и влегувањето во успешните македонски студија, овој пат во студиото „Линкс“, пионери во 2Д анимацијата.
 
ФИЛМ+ ќе продолжи да излегува, и тоа секоја последна среда во месецот!

Ranti | 03.08.2017 | twitter