Ghost in the Shell [2017] - Rupert Sanders

Не се сомневав дека Ghost in the Shellќе ми се допадне од две причини. Прво, се работи за reboot на култниот анимиран филм кој се појави во 1995 година. Потоа следеа продолженијата Ghost in the Shell: Stand Alone Complexи Ghost in the Shell 2: Innocence. Втората причина беше долгиот временски период од излегувањето на анимето до филмот, што беше доволно долг за да го заборавам дејствието, па така можев непристрасно да уживам во филмот, ослободен од каква било споредба со анимето. Сепак си дадов задача да го изгледам анимираниот филм, по гледањето на филмот, за да можам да ја направам споредбата која е нужна за поцелосна рецензија.

филм


Мира Килиан (Скарлет Јохансон) – која е всушност кибернетски организам, односно мозок пресаден во механичко тело кое е нејзината школка – работи за антитерористичката организација Section 9. Тааима за задача да дејствува превентивно на една бизнис конференција.Присутните на таа конференција ќе бидат нападнати од терористи кои ќе успеат да хакираат еден од присутните, крадејки од него битни информации. Мира има за задача да го пронајде хакерот, но повремено добива нејасни сензации – гличеви, односно сеќавања од нејзиниот претходен живот. Овие сеќавања се, всушност, нејзиниот дух кој ja открива нејзината претходна егзистенција.
 
филм


Сличноста со RoboCopе веќеочигледна.Филмот продолжува да се развива во насока што има предвидлив заплет и антиплан кој веќе е типичен за голем број на cyberpunkфилмови. Приказната ја задржува суштината од анимираниот филм, но е многу поедноставена, што до негде и не е така лошо сценаристичко решение. Вака филмот,ослободен од премногу hi-techинформации, добива природен тек и е полесен за следење, но ја губи аурата што ја носи оригиналот.

филм


Не толку филозофски, како изворниот GITS,колкушто е дидактичен, овој дистописки трилер има во себе доволен емотивен полнеж за да  го задржи вниманието и да ве воодушеви со целата стилизација што има да ја понуди, почнувајќи од холограмите и оружјето, па сè до самата архитектура и уличните светлосни реклами. Специјалните ефекти и сетингот совршено создаваат една слика на cyberpunkмилје, какво што ретко се гледа во научно-фантастичните филмови.Музиката за GITSе компонирана од Клинт Мансел и е на исто ниво со визуелното.
 
И покрај тоа што во овој филм се среќаваме со поинаков универзум што е добро смислен и компактен, сепак заплетот на приказната за мене лично беше предвидлив и е послабата страна на Ghost in the Shell.
 
Филип Миовски - Cinespektar

Ranti | 13.06.2017 | twitter