Паратисима Скопје

Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје по четврти пат ќе се одржи од 15-17 јуни во Младинскиот културен центар.

Учесниците и нивните дела ќе бидат изложени во Младинскиот културен центар, Скопје со помош и координација од кураторот на Паратисима Скопје.

Тричлено жири на Паратисима Скопје и оваа година ќе направи селекција на автори кои ќе бидат наградени со разни можности за професионален развој во Македонија и надвор од границите на државата.  

флаер


Kураторот на ликовната поставка на Паратисима Скопје 2017 е МираГаќина, a поставката за мода и дизајн ќе ја курира Драган Христов (Лудус).

 

Во изминатите три години Паратисима Скопје брои над 300 независни учесници со потекло од 32 земји учесници и 30 специјални проекти на кои учествувале ликовни академии, галерии, колективи и организации кои се активни на културно-уметничката сцена. Заклучно со третото издание, наградени се 33 автори со остварено учество на настанот Паратисима Торино во Италија, а во соработка со локални галерии од Македонија (Галерија Флукс, Агенција за сериозни интереси, Концепт 37) доделени се 8 независни авторски изложби.


Ranti | 19.04.2017 | twitter