Вртелешка во Гостивар

Театарската претстава “Вртелешка” по текст на Артур Шницлер, а во режија на Владимир Милчин ќе биде изведена денеска (12 мај) во 20 часот во Центарот за култура “АСНОМ” во Гостивар.
Претставата е прв проект на алтернативниот и независен Општествено политички неподобен театар (ОПН-театар). “Вртелешка” е дипломска претстава на членови на ОПН, а сега веќе дипломирани студенти во класата на Владимир Милчин.


photo © n/a


“Вртелешка” е работена по текст на еден од најголемите австриски драмски писатели Шницлер кој е познат и како хроничар на виенската декаденција.
Претставата е омаж на интимноста – од онаа на проститутките и војниците по клупите низ темните паркови крај Дунав до онаа на познатите актерки и грофови кои се среќаваат по најпрестижните хотелски соби. Вивисекцијата на моралот која ги надминува просторните и временските определби го прави овој текст постојано актуелен. Шницлер пиесата ја напишал во 1890 година, а кога конечно по Првата светска војна била поставена во театар, забранета е веднаш по примиерата.


photo © n/a


“Вртелешка” беше изведувана во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија. Ова е прв пат да се игра надвор од Скопје.

Цената на билетот е 150 денари, а информации може да се добијат на телефонот 070/757-151.

Ranti | 12.05.2010 | twitter