Black Rebel Motorcycle Club rocked München

Го запалив моторот(од колата) забирајќи се дури до Минхен за да ги видам моторџиите. Не очекував мотори, но се надевав на добар клуб, а на уште подобар концерт!!! Очекувањата, и тоа двете, наполно се исполниа.

photo © civ

Сам по којзнае кој пат во Минхен, но сепак ми беше тешко да ја пронајдам многу познатата сала, каде што 2 саати рокаше црниот моторџиски клуб на терористи. Трчајќи влетав во клубот, мислејќи дека нешто сум пропуштил, но само што пристигнав се слушнаа врискања, аплаузи и и и фантастаичната усна хармоника почна да рока!!! Хармоника, а да рока! м? Well, Peter Hayes knows how to do it!!. Концертот беше отворен со прекрасната ''Complicated Situation''. На бината стоеше само тој. Како промоција на досега во критиките оценет како најуспешен албум Howl следуваа ''The Fault Line'' и ''Devil's Waitin' '' во негова изведба. На бината конечно се појавуваат и останатите членови Robert и Nick, но на сцената имаше и 4рт момак, дотичен Џејми!(тип кој ги подржува на најрзлични инструменти на оваа турнеја). Одеднаш се чу: ''TIIIIIIMEEEEEEEEEEEE WWWOOONNNN'TTTTTTT SAVEEEEEEEE OURRRRR SOOOUUUUUULLLSSSSS'' (кое ако кликнете на ова жолтово можете да уживате и вие во звукот, а богами и сликата)!!!!!! Првиот дел од промоцијата на новиот албум го завршија со многу вртената нумера по радијата: ''Ain't No Easy Way'' која е и единствен Single од овој албум!

photo © civ

Луѓето збеснуваат во публиката, бидејќи тоа беше песна која ја знаеа сите, и мајсторски изведенa. Професионално испланирана сет листа, ја рокаат ''Love Burns'', каде што нивниот допунски 4рт член ја напушта бината. За Robert Turner си дозволувам да кажам дека спаѓа во еден од топ 10 лајф изведувачи. Свири бас и гитара како луд, а истовремено скока, се тресе, се качува на монитори и пее!! Може ли Iggie така м? Преку ''White Palms'', дојдоа до она нашето (за кое многу луѓе се прашуваат) ''Whatever Happened To My Rock 'n' Roll''. И што после тоа?

Howl !!!
As Sure As The Sun !!!
Weight Of The World !!!
Six Barrel Shotgun !!!
Rifles !!!
Still Suspicion Holds You Tight !!!

Муабетење меѓу песни немаше. Комуникацијата со публиката беше единствено преку нивната музика. А, има ли подобар начин?
Концертот го ''завршија'' со ''Promise'' каде што господинот Turner седна и позади пијаното (Coldplay style), додека Hayes го пратеше на тромбон.

photo © civ

Нормално следеше и еден краток бест ин шоу од 5 нумери. Ја ширеа љубовта како треска со ''Spread Your Love'', за да ја запрат треската со ''Stop'' по која со Gospel Song ја пренесоа добрата порака од Господ? (God spells, good spell) вотев'р... Пораката побарајте во ''The Line''. Концертот заврши(овој пат навистина), како што и почна. Peter Hayes сам со(не го знам името на инструментот) инструментот, кој е мешавина на клавир и хармоника, со последната песна од нивниот последен албум ''Open Invitation'' која на албумот е како hidden track. Дали можеби не покануваат на повеќе BRM BRM BRRMMM BRRRRMMMM BRRRRRRRRRRRRRRRMMMMMMC... Магнифиснт!!!

civ | 09.11.2005 | twitter