Бели Ноќи по петти пат во Скопје

Утре, 26. 09, во 20 часот, во Музејот на град Скопје, со отворање на изложбата „Меѓупростор“ на дела од современата уметност од девет уметници од Бања Лука, ќе започне петтата „Бела Ноќ“.
Централниот настан на годинешната манифестација ќе биде спектакуларниот настап на театарската група “Егзос” од Швајцарија, која во 22 часот, на Плоштадот Македонија, ќе го изведе балетот во воздух.

photo © флаер

Сите културни институции на Град Скопје, како и секоја година, така и оваа , ќе бидат вклучени во реализацијата на програмата на најдолгата културна ноќ во Скопје. Вљубениците во уметноста од секаков тип ќе можат да присуствуваат на единствени културни настани во МКЦ, КИЦ, КО-РА, Музеј на Град Скопје, ДКЦ “Карпош”, Дом на АРМ, МНТ, Мала Станица, Универзална сала, Библиотеката “Браќа Миладиновци”, Зоолошката градина, како и на Европскиот универзитет, на улицата “Максим Горки”, на Новата железничка станица и Градскиот трговски центар.
Во рамките на “Белата ноќ”, традиционално и годинава ќе се случи популарниот Streetball кошаркарски натпревар, класичен турнир натпревар по нокаут-систем, меѓу мешани кошаркарски екипи (женски и машки) од Средните училишта на Град Скопје (вкупно 21 на број).

Комплетна програма и мапа на настаните

Gwendolyne | 25.09.2009 | twitter