Утре, Girls Against Boys

Живеј поквалитетно, сакал или нејќел тоа ти е! Утре доаѓаат тие. И не само тие, заедно со нив доаѓаат фанови на овој бенд од Хрватска, Србија, Грција. Тоа е факт кој говори за квалитетот и важноста на овој бенд не само на музичката сцена туку и воопшто во животот на нивните фанови!!

Доколку тие факти не ви се доволни да присуствувате на овој клупски спектакл, еве уште неколку податоци:
= Концертот ќе биде сниман од страна на Македонска Телевизија!!
= Екипата од списанието “Срцето за животните“ ќе има свој штанд за делење памфлети, брошури на овој концерт.
= Mooger Fooger со новата постава најавуваат фуриозна свирка. Во Mooger Fooger новитети се Еди (SunS, ТБ Трачери...) на тапани и Дарко (One of Us) како вокал и гитарист.
= Кои се Bernays Propaganda?
Тоа е нов Скопски бенд и својот прв настап ќе го имаат баш на овој настан. Во бендот членуваат Васко (Тк.Ск, ФПО...), Џано (ФПО...), Мунгос (КЛС). Плус специјални гости, два женски вокала. Bernays Propaganda се претставуваат себеси на следниов начин: Доаѓајки од Hard Core сцената си ја овозможуваат комоцијата на слободно изразување без никакви материјални стеги. Своето постоење го осигураа преку систем на неочекување на ништо од никого...освен од самите себе. На нивната музика можат да играат само оние со отворено срце и ум. Со својата публика сакаат да изградат однос, така да бидете сигурни дека овој бенд не е soundtrack на вашиот непромислен живот.
= Сите кои ќе имаат билет за концертот на GvsB ќе можат ден подоцна да дојдат на концертот на TBF и да купат билет со 50 денари попуст (значи, само 100 денари)
= Останаа уште мал број билети. Побрзајте!!

За загревање:
1. преслушајте го (изгледајте го) уште еднаш инзворедниот настап на GvsB во Амстердам 2006 на следниов линк fabchannel.com/girlsagainstboys
2. преслушајте музика на следниве линкови myspace.com/gvsb
3. прочитајте интервју со Scott
McLoud (гитара & вокал) на www.plagij.at 4. Cruise Yourself албум на месецот своевремено во култното МАКЕДОНСКО списание ТРОТОАР - link
5. about Girls Against Boys во МАКЕДОНСКОТО списание ТРОТОАР - link

Се гледаме во Понеделник во Кастро, бидете точни, концертот започнува во 21:00!

civ | 18.02.2007 | twitter